Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Водич за почетници

Ова е скратен водич за Hattrick. За подетални информации користете го Прирачникот.

Вашата улога

Вие сте менаџер и раководите со се што е поврзано со клубот. Ја планирате тактиката и стратегијата, одлучувате што ќе тренирате и кои играчи ќе играат. Купувате и продавате играчи, инвестирате во стадионот и ред други работи.


Пари

Парите се значаен момент и треба да внимавате како ги трошите. Најдобар совет е на почетокот воопшто да не трошите пари се додека не се запознаете комплетно што е важно и како парите најдобро да се инвестираат.

Заработувате пари од натпреварите, спонзорите, навивачите и продажбата на играчи, а истите ги трошите за плати на играчите, персоналот, одржување на стадионот, како и за купување на нови играчи и инвестиции за надградба на стадионот.


Играчи

Запознајте ги вашите играчи и нивните вештини. Кликнете на нивните вештини за да видите на кое ниво се наоѓаат. Исто така и вашиот тренер го има избрано клучниот играч (по негово мислење) за да ви помогне на стартот.

Повеќето од играчите користат повеќе од една вештина, но бидејќи сте на почетокот најдобро е да се фокусирате на главните вештини:


Позиција Главна вештина
Голман Голман
Одбрамбени Одбрана
Играчи во средина Креирање игра
Крила Крило
Напаѓачи Напад

Натпревари

Една Hattrick сезона трае 16 недели, од кои 14 се обезбедени за лигашките натпревари, една за квалификациите, а една недела нема никакви активности. Лигашките натпревари се играат за време на викендите, куп и пријателските натпревари се одигруваат во средината на неделата. Се што требате да направите како менаџер е да поставите наредби на вашите натпревари.

Доколку не играте во националниот куп, тогаш немојте да заборавите да заказете пријателски натпревар. Најбрзо тоа ќе го сторите преку генераторот на пријателски натпревари. Одигрувањето пријателски натпревари значи тренирање на поголем број на играчи секоја недела, а максимизирањето на тренингот е главниот клуч за напредување во играта.


Основни работи околу натпреварите

Просто речено, симулацијата на натпреварот се состои од три чекори. Во секое полувреме се прават неколку напади:

  • Оној кој ќе ја освои средината во играта, тој најверојатно ќе добие и повеќе шанси за напад. Вечтината креирање игра е најважната за освојување на средината во играта.
  • Кога вашата средина ќе “освои“ некој напад, тогаш се одлучува каков ќе биде тој напад (од лево, десно, по средина или од прекин).
  • Во тој случај се споредува вашиот напад во тој сектор, со одбраната на противникот. Вештината напад е најважна кај вашиот напаѓач, особено за централниот напад, а помалку допринесува и вештината крило.

Тренинг

Тренингот е главната алатка за напредок во играта, а исто така е и добар начин да дојдете до повеќе пари (повеќе следува подолу).

Како нов тим, препорачуваме да одберете една „примарна“ вештина за тренирање, како што е голман, одбрана, креирање игра или напад и да се задржите подолго на тренирање на таа вештина, пред да направите промена на тренинг.

Ефектот од тренингот е видлив еднаш неделно. За играчот да добие полн тренинг, потребно е да игра на соодветната позиција цели 90 минути за време на натпреварите во текот на неделата. Играњето подолго од 90 минути нема да донесе дополнителен ефект од тренингот. Значи, за еден играч во средината да добие полн тренинг потребно е да игра на една од позициите во средината, за вештина напад потребно е да игра на позиција напаѓач и т.н.


Трансфер

Нов играч купувате од трансфер листата, а таму исто така можете и да продадете ваш играч. Добар совет, пред да купите или продадете некој играч од трансфер листата, е да проверите на трансфер споредба колкава е цената на претходно продадени такви играчи.


Персонал

Ангажирањето на членовите од персоналот може да го развие вашиот клуб на различни начини. Помошниците тренери ја зголемуваат брзината на тренингот, што во некоја рака е правилен избор за нов тим. Колку повисоко ниво на вештина има секој член на персоналот толку и неговата плата е повисока. Персоналот со високи нивоа на вештина е истовремено многу скап, затоа и не се залетувајте по нив, освен ако не сте многу сигурни дека навистина ви требаат. Повеќе можете да прочитате за персоналот тука


Стадион

Ќе дојде време кога ќе сакате да го проширите својот стадион, но наш совет е да не го правите тоа пред да почне стадионот да се исполнува до последното место. Секое прерано проширување на стадионот може да донесе непотребни трошоци.


Млади играчи

Ангажирање на ваши млади играчи е забавна работа, но бидејќи и за тоа има трошоци, наш совет е да почекате малку со инвестирањето, се додека не ја запознаете играта малку подобро.


Градење на стратегии за тимот

Како нов тим, добра стратегија е да го градите тимот за иднина, а не за сегашноста. Иднината на вашиот тим сигурно би требало да припадне на млади играчи, значи градење на тим опкружен со млади играчи е добар совет за почеток. Некогаш дури е препорачливо да го продадете вашиот најдобар играч, за да можете да дојдете до пари потребни за купување на млади играчи.

Фокусирајте се на тренингот и градете дел по дел од вашиот тим. Вашиот прв тим нека игра во лигашките натпревари, а потоа купете неколку тренинг играчи (млади просечни-добри играчи) да играат во пријателските натпревари за да и тие паралелно напредуваат. На почетокот на вашата кариера не е лошо да имате и неколку млади тренинг играчи кои ќе играат во првиот тим, секако доколку кможете да си го дозволите тоа. Овие играчи подоцна (кога нивната вештина ке се подобри за неколку нивоа) ќе можете да ги продадете за повисока цена отколку таа за која сте ги купиле, а тоа значи дополнителни пари неопходни за развој на вашиот тим во иднина.

Користете формации на игра кои ќе ви овозможат максимален број на тренинг места. На пример, доколку тренирате напад, користете 3ца напаѓачи, а доколку тренирате одбрана тогаш користете 5 одбрамбени играчи.


 
Server 071