Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Услови за користење

За да биде Hattrick во склад со правилата за приватност од Европската Заедница, потребно е да ги прифатите нашите услови пред да добиете пристап до вашиот акаунт.

Ова е кратка соодржина од главните условни точки за користење и ако има некои разлики помеѓу овој и текстот на англиски јазик, во тој случај валидни се Англиските услови за користење.

1. Кога ќе се регистрирате на Hattrick користeте го вашето право име и вашата точна адреса. Ова ни ја олеснува работата да можеме да го потврдиме вашиот идентитет и да ви помогнеме доколку имате проблеми со страната. Фер плеј е многу важен за нас, и Game Master-ите на Hattrick користат многу време за да спречат секаква измама. Доверливите информации на корисникот ќе им помогнат да го сторат тоа.

Доколку сте под 18 години мoрате да добиете дозвола од вашите родители за да играте, нормално само ако тоа е законски морално во вашата држава.

2. Mорате секогаш да го почитувате Куќниот ред. Не ви е дозволено да вршите измама или да го хакирате Hattrick или некој корисник. Не заборавувајте ја вашата Netiquette-а (интернет бон-тон), однесувајте се пристојно. Не смеете да се заканувате или да навредувате други корисници или да им испраќате спам пораки. Секогаш почитувајте ги авторските права на другите луѓе.

3. Доколку не ги почитувате овие правила ќе го изгубите вашиот тим или ќе бидете суспендирани од играта од страна на некој Game Master. Вашиот тим ќе биде исто така избришан доколку не се најавите, односно логирате за време од седум недели.

4. Ние ќе се обидеме да работиме толку добро, колку што можеме. Но сепак не можеме да гарантираме дека услугата секогаш ќе биде достапна и дека никакви податоци нема да бидат изгубени.

5. При внесувањето на податоци во нашиот систем ни давате право да ги користиме внесените податоци. Но, ние се грижиме за вашата приватност и ги почитуваме приватните права на Европската Унија.

Никогаш нема да ви испратиме спам или да ги дадеме вашите податоци на трета личност, која не е поврзана со Hattrick.

Од време на време, ние ќе ви испраќаме билтен или друга e-mail пошта во врска со играта, како на пример потсетување на вашата лозинка.

Ние користиме колачиња на нашата страна за да ви овозможиме подобро корисничко искуство.

Условите околу приватноста на англиски јазик можете да ги прочитате тука.

6. Ние инвестиравме многу години и вложуваме многу труд во Hattrick и се надеваме дека ќе разберете ако сакате да користите нешто што е на Hattrick, надвор од Hattrick. За тоа ќе морате прво да добиете наша дозвола.

Ние може да направиме и некои измени од правата за користење или од приватното соопштение. Во овој случај ќе бидете информирани на нашата веб страна.

 
 
Server 096