Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Куќен ред

Вашето однесување

Многу нешта можете да направите на Hattrick и со Hattrick, но за да играта биде интересна мораат да постојат и некој правила кои мораат да се почитуваат. Тие правила се доста едноставни и јасни и се однесуваат на сите делови на Hattrick. Hattrick треба да е интересен и безбеден за играње, без разлика на возраста, полот, потеклото, расата или верата. Накратко, од вас се очекува кон останатите корисници да бидете учтиви и да се однесувате со почит, и да имате во предвид дека корисниците на Hattrick може да бидат деца. Секој кој ги крши тие правила може да биде моментално исклучен од Hattrick. Имајте до знаење дека GameMaster-те преставуваат апсолутен авторитет по прашањето дали некој ги крши правилата.

За вас како Hattrick играч строго е забрането...

  • ... да испраќате заканувачки, навредливи или омаловажувачки пораки (е-mail, во книгата на гости или друг вид) до другите играчи или на Hattrick конференциите. Испраќање реклами до другите играчи или на конференциите. Исто така, забрането е вулгарно однесување, како и било каков вид навредливо делување на веб странава, вклучувајќи ги и конференциите.
  • ...да се обидете да украдете или саботирате нешто што е сопственост на Hattrick Europe Ltd., исто како и да охрабрувате други да го направат истото. Под сопственост на Hattrick Europe Ltd., меѓу другото, спаѓаат серверите, програмите, како и материјали заштитени од копирање.
  • ...скенирање, креирање, користење или дистрибуирање на апликации кои се дел од играта, само доколку овие апликации не се одобрени од програмерите на играта. Исто така не е дозволено да користите делови од страната на други страници или други апликации.
  • ..."измама" на каков било начин, на пример, обидувајќи се да ги одгатнеш лозинките на другите корисници, или кое било друго дејствување, кое на нефер начин им наштетува на другите играчи.
  • Пробување да се дојде до информации кои не се линкувани на страната или да ги објавите истите. Можете да пристапите до информации или користите страници кои имаат веќе одобрена CHPP-лиценца.
  • Обвинувања за измама, рекламирање на производи од реалниот живот (вклучувајќи и линкови на веб страни околу тоа), промовирање на криминални активности и/или наркотици, објавување на преписки со ХТ работниците и јавно објавување детали за и коментирање на одлуките на GM или Mod.

Последно, но не помалку важно, можете да поседувате само кориснички акаунт. Уште еднаш, забрането е да поседувате повеќе од еден акаунт. Доколку поседувате повеќе од еден тим, ризикувате да бидете суспендирани од Hattrick. Нема да помогне тоа што ваш другар го регистрирал клубот, а вие сте тие кој го контролира истиот и дава наредби во играта, бидејќи и во тој случај вие ќе се сметате за сопственик. Тимот се смета за приватен и не е дозволено давање на истиот, на другари, или некој друг од фамилијата да се најавува наместо вас. Исто така е забрането да се купуваат/продаваат играчи од/на пријател по надувани цени, без разлика што само сакате да испаднете "фин дечко"! Доколку за некој ваш играч на трансфер листа добиете наддавање многу поголемо од реалното, веднаш да го информирате вашиот GM. За контакт со Gamemaster, ве молиме користете ја страната за контакт.

За секоја ситуација која не е опишана во правилата, ХТ работниците (GM, Mod, CHPP) имаат право на разрешување на ситуацијата, се разбира во духот на правилата. Исто така, секој разговор со официјалните лица на ХТ е личен и во никој случај не смее да биде објавен јавно.

 
Server 071