Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Куќен ред

Правила на форумот и модератори

Ние се гордееме со нашата комуна, а посебно со духот на форумот и активностите. Во Hattrick форумите назначени се модератори (или Mod-ови) кои имаат цел да помагаат на корисниците, но секако и да овозможат форумот да биде место за уживање. При посета на форумите мора да се почитуваат главните правила на однесување, а кај некои останати форуми и други правила, со цел да се задржи другарскиот дух на форумот. Во некои форуми важат и некои специфични правила, кои најчесто можете да ги прочитате на sticky-темите во тие форуми. Модераторите имаат право да казнуваат со банови и предупредувања како начин да останеме во рамките на правилата.

GM исто така имаат право на модерирање на форумот и можат да казнуваат на неколку начина (што вклучува и комплетно отстранување од играта). Ве молиме да запомните дека, иако поседувате Supporter, тоа нема да ве спречи да бидете банирани на форумот, а средствата од Supporter-от, во тој случај нема да може да ви бидат рефундирани.

Одлуката на модераторите (Mod) може да се оспори кај Senior Mod, чија што одлука пак се смета за конечна. Ве молиме да запомните дека, секоја одлука и казна од нивна страна се смета за конечна, а истата може да биде намалена или зголемена, само од нивна страна.

Во форумите на Hattrick, правилата на однесување мора да се почитуваат. Покрај тоа, не е дозволено праќање на:



- Спам, на пример повеќекратно препраќање на една иста порака.
- Бампирање (бесцелно пишување на одредена тема, со цел да се промовирате себеси или истата тема).
- Провоцирање и навредување.
- Пцуење или користење на некултурни изрази.
- Расистички, шовинистички или лични напади; напади врз одредена нација или религија.
- Политички и религиозни дискусии.
- Обвинувања за мамење (користете ја официјалната форма за пријава на измамници.
- Барање помош или промовирање на нелегален софтвер или софтверски CD-клучеви, или барање на линкови за торенти или линкови за пратење на (спортски) настани во живо.
- Лажно претставување како HT официјално лице.
- Дискутирање на официјални одлуки за одредени корисници или случаи, или објавување на преписка со HT официјални лица без претходна дозвола.
- Пишување во (напуштен) лигашки форум, користејќи го истиот како федерациски форум. Ве молиме респектирајте ги лигашките форуми чија намера е да ја промовираат комуникацијата помеѓу членовите на таа лига. Посетителите се добредојдени, но гостите немаат дозвола да ги користат тие форуми за нерелевантни дискусии.

Федерациски форуми
Федерациските форуми (опција на Supporter) се сметаат за поприватни места каде корисниците од Hattrick можат да дискутираат меѓусебно, како и да постават свои правила во рамките на тој форум. Секако, во рамките на федерациите не е дозволено:
-постирање на секаков тип на содржина кој е во спротивност со законот (вклучувајќи линкови кон нелегални материјали и опасности по животот)
-користење на федерациите како место за ширење на секаков тип на омраза
-организирање или планирање на активности кои имаат за цел да нападнат или провоцираат други корисници, вклучувајќи и официјални лица на Hattrick Officials
-објавување на било каква коресподенција со официјалните лица на Hattrick без претходна дозвола

За однесувањата и редот во рамките на федерациите, одговорни се нивните претседатели, односно тие треба да се справат со евентуалното прекршување на правилата. Тие имаат можност да избришат несоодветна порака или да отстранат членови од федерацијата како и да постават модератори во федерацијата за да им асистираат во одржувањето на редот на федерацискиот форум. Исто така, можете во секое време да напуштите одредена федерација со цел да избегнете понатамошни конфликти.
 
Server 071