Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Куќен ред

Gamemasters

Во Hattrick, има одреден број на Gamemasters, односно GM. Тоа е мала група на исклучително вешти и одговорни играчи, кои се одбрани со цел да обезбедат вистински тек на играта, заштита од лажирање, како и да им пружат помош на играчите кои имаат различни проблеми со нивните тимови. GM, ја работат својата работа само заради тоа што тоа претставува забава за нив и сакаат да помагаат, а не се платени за истата.

Понекогаш GM ќе мора да реагираат, дисквалификувајќи луѓе кои вршат измама или ги прекршуваат правилата на веб страната по кој било основ. Ако ова ви се случи вам, а вие се чувствувате како направедно обвинет, имате право да се обидете да објасните зошто мислите дека не сте виновен. Но, и ова е важно, во Hattrick важат истите правила како и на фудбалскиот терен.

Можете да се распрашувате зашто сте казнет, но сепак должноста на GM не да ви елаборира за целата негова евиденција. Ако тие објаснуваат на кој начин ја откриле измамата, решавањето на вакви случаи во иднина би била многу потешка. GM не се обврзани да ја докажуваат можната измама. Како и да е, обврзани се да го суспендираат секој корисник, за кого тие се убедени дека е измамник.

GM го имаат правото да изречат неколку вида казни, како: отстранување од играта (суспензија), или казни кои ќе го засегнат вашиот клуб во самата игра.

Одлуката на GМ може да се достави и до Senior GМ, чија што одлука пак неможе да биде оспорена. Ве молиме да запомнете дека казната која што е предложена може да биде зголемена или намалена, тогаш кога ќе се донесе финална одлука.

Ние од Hattrick тимот ги поддржуваме нашите официјални лица. Со GM-ите ги редовно дискутираме принципите за спречување на измамите, но никогаш не се вклучуваме во спефицични случаи. Тоа се луѓе во кои имаме потполна доверба.

За контакт со GM, ве молиме посетете го линкот: Страна за Контакт. Ве молиме НЕ ја користете ХТ-поштата за дискусија во врска со правилата за игра. Внатрешната пошта, тие ја користат како менаџери на својот клуб, а не како официјални претставници на Hattrick. Во секој случај, целата комуникација помеѓу вас и официјалните лица на Hattrick се смета за приватна и треба да се третира исто така.

 
Server 070