Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Куќен ред

Hattrick е потполно бесплатен. Единствено на што инсистираме е да го почитувате нашиот куќен ред. Доколку мислите дека некој ги крши правилата, ве молиме да исконтактирате со GameMaster-и.

Hattrick тимот непрекинато се обидува да ја усоврши играта. Нови функции можат да бидат додадени во секое време, иако поважните промени, кои ја засегаат играта, се додаваат (обично) во меѓусезоната. Бидејќи Hattrick е игра без одреден крај, понекогаш е потребно адаптирање на истата од страна на програмерите. На пример, спречување на можноста некој од тимовите да биде непобедлив. Накратко, програмерите постојано ја надгледуваат играта и понекогаш вршат намерни промени за контрола на играта. Ова го правиме колку е можно по фер, информирајќи навреме за промените, се со цел да се привикнете навреме на истите. Како и да е, понекогаш мора да се извршат некои промени.

Генерално гледано, серверите се секогаш отворени, освен кога имаме повремени прекини поради ажурирање. Се трудиме секогаш однапред да ги известиме корисниците кога ќе дојде до прекин во работата, но во екстремни ситуации можно е да се случи да не сме во можност навреме да објавиме соопштение.

Некогаш се случуваат непланирани работи, како на пример проблеми со системот. Ако некогаш се случи нешто невообичаено, ве молиме известете ги GM преку e-mail, и ние ќе го разгледаме случајот. Кога ги откриваме и поправаме овие проблеми, се трудиме да делуваме што пореално, но од практични причини, натпреварите не може да се преигруваат. Не фер судење, чудни работи кои се случуваат околу терените, а со тоа влијаат и на резултатот, како и лошата среќа се составни делови на вистинскиот фудбал со кои секојдневно се среќаваат екипите ширум светот.

 
 
Оцени ја страната
Server 096