Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Партнери

Popmundo Battrick
Во Popmundo, имате улога на ѕвезда во искачување во музичката индустрија. Пронајдете го вашиот стил, составете група, патувајте по светот и сѐ тоа во оваа игра која има 300.000 активни играчи.

Ова е сестринска игра на Hattrick и ја развиваа истите луѓе кои работеа и на развојот на Hattrick. Како и Hattrick Popmundo никогаш не спие - секогаш некаде има некоја свирка, нова песна да се сними или нова девојка на журка после концертот. Секако со овие ликови со кои се среќавате управуваат други корисници.

Popmundo е и тешка, но и опуштена игра. Можете да сте активни само неколку пати неделно, и повторно да стигнете до врвот на топ листите. Но една од најинтересните работи во играва е што можете да изберете различни завршетоци. Кога ќе ви здосади да бидете ѕвезда постојат уште многу работи кои можете да станете, нпр. можете да станете приватен инвеститор и да изградите империја со недвижности или едноставно да се смирите и да создадете семејство.

Battrick.org е еден одличен крикет менаџер развиен во Hattrick стилот. Ова е совршена игра за љубителите на крикетот, но и многу забавна за оние кои сакаат да дознаат нешто за овој спорт - можеме да ви кажеме дека човек многу брзо учи...

Станувате менаџер на крикет клуб, тренирате играчи и ги водите од еднодневни лиги, до големи натпревари - постојат и меѓународни натпреварувања во кои можете да учествувате, како и светско првенство за репрезентации. Односите во заедницара се пријателски и корисниците се секогаш спремни да ви помогнат.

Battrick е развиен како соработка помеѓу Ален Ферли-Кларк, ХТ корисник и поранешен модератор, и Hattrick тимот.
 
Server 070